Утрински Весник
Македонија

Болничар од штипското Инфективно одделение позитивен на Ковид -19

Болничар од штипското Инфективно одделение позитивен на Ковид -19

Штип, 10 април 2020 (МИА) – Болничар од Инфективното одделение во Клиничка болница-Штип е позитивен на коронавирус потврди директорот, Ален Ѓеорѓијев. Негативен е резултатот за младиот лекар инфектолог, а остантите 12 медицински лица од ова одделение ќе се тестираат на утврдени датуми.

МИА претходно информираше деца вкупно 14 здравствени работници, од кои двајца инфектолози, осум медицински сестри и четворица болничари се во домашен карантин, откако имале контакт со 80-годишна жена од Штип, која во вторникот ја загуби битката со коронавирусот на Клиниката за инфективни болести во Скопје.

Здравствените работници во самоизолација се од минатата недела, а следеше и целосна реорганизација на ова одделение. На инфектологот, кој немал контакт со сега починатата пациентка на помош и доаѓа специјалист инфектолог од Општата болница во Струмица.

На Инфективното одделение во штипската болница од денеска се лекуваат вкупно осум пациенти, од Штип и Кочани позитивни на коронавирус. вдј/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Mинистерот за правда Филков реагираше на изјавата на вицепремиерот Сали за барањето на студентите за полагање на правосуден испит на албански јазик

Арбен Зибери премина во Демократското движење на Изет Меџити

Деца на Попова Шапка се обиделе да го ограбат манастирот