Утрински Весник
Автомобили

Исполнета последната желба- политичар погребан во својот омилен Мерцедес Е-500

Исполнета последната  желба- политичар погребан во својот омилен Мерцедес Е-500

Преторија, 10 април 2020 (МИА) – Починатиот лидер на јужноафриканската политичка партија Обединето демократско движење, Чекеде Буфтон Пицо, како последна желба посакал да биде закопан во неговиот омилен Мерцедес.

Политичарот и починал минатата недела одејќи кон својот Е-500 – еден од многуте луксузни Мерцедеси што ги поседувал, но западнал во финансиски проблеми, па морал да ги продаде.

Последниот Е-500 го купил на старо. Не бил во возна состојба, но според неговата ќерка Сефора Лецвака, Пицо уживал само да седи внатре и да слуша музика.

– Никогаш не сме имале вакво барање и процес беше тежок и стресен, изјави Табисо Мантутле – директор на погребалното претпријатие кое, сепак, успеа да го пикне целиот автомобил под земја.

Неговото семејство му ја исполнило последната желба. А, на погребот на инаку прилично популарниот политичар, веројатно и поради пандемијата на коронавирусот, се појавиле мал број луѓе. си/сд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Форд повлекува речиси два милиони возила поради ризик од проблематични делови

Jana

„Киа“ објави рекордна продажба од над три милиони возила дома и ширум светот за 2023 година

Jana

Mакедонските возачи на TWINGO CUP викендов со нов интернационален предизвик на тркачката патека во Серес, Грција

utrinskilogin