Берово, 10 април 2020 (МИА) – Општина Берово во соработка со Јавното претпријатие за комунални работи „Услуга” денеска продолжи со дезинфекција на јавните објекти во градот. Како што информираа надлежните, со акцијата беа опфатени објекти каде има поголема фреквенција на луѓе.
-Денешната акција ги опфати влезовите на маркетите, каде што вообичаено има поголема фреквенцијата на граѓани. Претходно дезинфекција беше извршена на влезовите во станбените објекти, а ќе продолжиме со дезинфекција на јавниот простор на оние места каде тоа не е направено, информираа од Општината.
Од општината апелираат до граѓаните и понатаму да продолжат да ги почитуваат мерките и препораките на Министерството за здравство и Владата.
-За викендот Општина Берово им стои на располагање за помош и поддршка на граѓаните на кои им е потребна набавка на лекови, средства за хигиена и други намирници, додадоа надлежните.
За реализација на оваа активност ќе биде искористен мобилниот тим и волонтерите ангажирани преку УНДП, во рамки на заедничкиот проект за помош на стари и изнемоштени граѓани.вс/бт/