Утрински Весник
Македонија

Тетовскиот Црвен крст неделава додели 428 пакети со храна и хигиенски продукти за социјално загрозени семејства

Тетовскиот Црвен крст неделава додели 428 пакети со храна и хигиенски продукти за социјално загрозени семејства

Тетово, 10 април 2020 (МИА) – Изминатава недела преку општинската организација на Црвениот крст од Тетово со донација на Фондација Отворено Општество Македонија на 192 социјално загрозени семејства од ромска националност им се поделени 384 пакети со храна и средства за хигиена. Во изминатите четири дена доделени се уште 44 пакети за 52 лица кои спаѓаат во групата на социјално загрозени семејства.

– Во текот на изминатива недела само едно лице се јавило да побара услуга да му се купат и донесат до дома намирници. Станува збор за старо изнемоштено лице, додека никој од луѓето во самоизолација не побарало ваква помош од Црвениот крст, изјави секретарот во општинската организација Шкљќим Мурати.

Општинската организација на Црвен крст Тетово соопштува и дека поради мерките за забрана за собирање на повеќе лица, одржување на социјална дистанца согласно препораките за заштита на здравјето на населението, не можат сега да организираат крводарителски акции во традиционална форма.

Повикуваме до сите крводарители за индивидуално дарување на крв во просториите на Службата за Трансфузиона медицина во Тетово.Cе надеваме дека повикот ќе наиде на разбирање до сите вас и сите заедно ќе го поминеме и ова криза, велат од организацијата.ас/фф/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме