Утрински Весник
Спорт

Џонсон: Со нетрпение очекувам да видам дали Лејкерс можат да ја освојат титулата

Меџик: Џордан останува најголемиот кошаркар на сите времиња

Лос Анџелес, 10 април 2020 (МИА) – Љубителите на кошарката ширум светот го чекаат моментот кога ќе се обнови сезоната во НБА и повторно ќе започне битката за титулата. Според легендата на Л.А. Лејкерс, Меџик Џонсон, играчите во лигата имаат исто мислење, додавајќи дека тој едвај чека да го види настапот на „езерџиите“.

– Овие момци сакаат да откријат кој ќе биде светскиот шампион. Слушајте, ако имаат шанса да ја продолжат сезоната и сите се здрави, тие ќе бидат шампиони. Тие сакаат да видат кој е најдобриот тим во НБА лигата. Со нетрпение очекувам да видам дали Лејкерс можат да ја освојат титулата, рече Меџик.

Лејкерси се лидери во Западната конференција со скор 49-14, но тие отстапуваат во генералниот пласман во двете конференции од Милвоки предводени од Јанис Адетокумбо, кој е со 53-12.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Селекторот на македонските кошаркарки Илиевски поднесе оставка

Лазаров: Пред ЕУРО 2026 ќе прифатев ваков исход, но ќе сакав повеќе

(Видео) Со гол во последна секунда Македонија ја победи Романија на ЕП во ракомет