Утрински Весник
Македонија

Наезда од гасеници во градски парк Кавадарци, комуналци работат на проблемот

Наезда од гасеници во градски парк Кавадарци, комуналци работат на проблемот

Кавадарци, 10 април 2020 (МИА) – Наезда од гасеници има во градски парк Кавадарци, велат  кавадарчани, кои во време на пандемија од коронавирус, индивидуално го посетиле, како што велат, еден од најубавите паркови во државата.

Од Јавното претпријатие „Комуналец“ од Кавадарци потврдија за МИА дека знаат за проблемот и дека работат на негово надминување.

– Период е кога има зголемено присуство на гасеници. Немањето јака зима, исто така си го направи своето, точно е дека ги има како цела војска. Одат по борјата од паркот. Засега механички ги отстрануваме, чистиме, во план ни е и евентуално третирање со инсектицид, за да го намалиме нивниот број и да се справиме со проблемот, ни рече Ратка Мукаетова, раководител на работната единица за паркови и зеленило при комуналното претпријатие. свд/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тошковски: Некој намерно отвора хајка против МВР преку случајот со „шпионажа“ од кабинетот на претседателката

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија

Давкова ќе ги додели наградите за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот „Women in Tech® Macedonia Awards”