Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Не се санкционираат лицата кои во „полициски час“ пријавуваат кривично дело

МВР го документирала случајот со постот на Б.Т. и го информирало Обвинителството
300x250 opst2

Скопје, 10 април 2020 (МИА) – За време на ограничувањето на движење не се санкционираат лицата кои пријавуваат кривично дело, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во врска со барањата што во јавноста беа изнесени од невладини организации, МВР информира дека граѓаните кои сакаат да пријавата кривично дело тоа треба да го сторат на бесплатниот телефонски број 192 или во најблиската полициска станица и за тоа не им е потребна посебна дозвола. Тие непречено можат да се движат до најблиската полициска станица. Истото важи и за граѓаните на кои поради извршено насилство или друго кривилно дело им е потребна помош во здравствена установа, значи за тоа не е потребна посебна дозвола.

Од МВР посочуваат дека институциите функционираат без исклучоци за заштита на граѓаните и по сите пријави за семејно насилство се постапува координирано со тимовите на центрите за социјална работа. дма/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Поради врнежи од снег забрана за тешки товарни возила на патот Дебар – Маврово

Најстудено и најмногу снег на Попова Шапка

„Божиновска: Вратите на Министерството се отворени за студентите – потпишан Меморандум со Машинскиот факултет“