Утрински Весник
Економија
300x250 opst2

Владини членови биле во контакт со Заев, чекаат насоки од Филипче дали ќе се тестираат

Капиталните инвестиции во буџетот во 2019 со реализација од 78 отсто
300x250 opst2

Скопје, 10 април 2020 (МИА) – Членови на Владата имале контакт со претседателот на СДСМ Зоран Заев, кој е тестиран за Ковид19, откако имал контакт со заболено лице. Неговите резултати се чекаат, а дали ќе бидат тестирани ќе добијат информација од министерот за здравство.

Ова го истакна минисерката за финансии Нина Ангеловка одговорајќи на новинарско прашање на денешната прес-конфренција по средбата со претставници од угостителскиот сектор.

-Секако дека сме биле во комуникација со претседаелот на СДСМ/ Станува збор за самоизолација која трае 14 дена. Резултатите не се познати. Ако треба да се тестираме го имаме министерот за здравство кој ќе ни каже. Сепак, резултатите не се излезени. Во Владата секако дека на дневно ниво сме во релација и ова на долг рок нема да го издржиме да беагаме еден од друг и во овој период мора да се заштитиме и затоа и кога ги имаме сотатноците сите седиме на два метра и сите носиме маски. Ако погледнете целата влада е адаптирна да ја држиме таа дистанца и да ги почитуваме сите препрораки и се што треба да преземеме, истакна Ангеловска.

Таа додаде дека ова е шанса да сите да ги трансформираме бизнисите, процесите, и можеби дел од нашето однесување. Порача да го искористиме карантинот за да придобиеме некоја нова вештина и да излеземе попаметни и подобри.скс/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДСМ во ПИОМ не оставија дупка, туку цел кратер

Филипче: Пензионерите се нови жртви на лагите на власта, 97% од нив добија само 1.000 денари

НБРМ: Граѓаните сè почесто ги избираат дигиталните канали за плаќање