Утрински Весник
Македонија

Невладината „КХАМ“ од Делчево почна со дистрибуција на хуманитарната помош за ранливите категории на граѓани

Невладината „КХАМ“ од Делчево почна со дистрибуција на хуманитарната помош за ранливите категории на граѓани

Делчево, 10 април 2020 (МИА) – Во рамки на програмата „Јавно здравје на Ромите” која се имплементира преку Фондацијата Отворено Општество Македонија во соработка со Црвениот Крст, невладината организација „КХАМ” од Делчево почна со делење на најавената хуманитарна помош за социјално загрозени ромски семејства во Делчево, Виница и село Црник. За таа цел, како што информираат од ,,КХАМ”, ќе бидат доделени вкупно 250 хигиенски пакети.

– Сакаме да кажеме дека оваа активност не е за реклама, туку за информирање на пошироката јавност и да не се создаде недоразбирање кој е корисник на оваа помош, но и заради почитување на принципот на транспарентност и отчетност кој е задолжителен кога се трошат туѓи пари (донација).Оваа помош не треба да се меша и поистоветува со предходите донации кои беа во рамките на друг донатор и други програми, информираат од „КХАМ”.
Од делчевската невладина организација посочија дека во наредниот период ќе се направат напори да се обезбедат со неопходна помош и други семејства од македонска и другите националности во соработка со други НВО од опкружувањето.
– Истовремено ги поттикнуваме и охрабруваме колегите од другите Невладини организации да извршат пренамена на средства што им се доделени преку оштинско буџетско финансирање за проектни активности кои поради моменталната ситуација не можат да ги реализираат, додадоа од „КХАМ”.
Во насока на на надминување на непредвидливата ситуација, овие средства според „КХАМ“ треба да бидат наменети за помош на населението кое се затекнало со пандемијата и кое досега не е опфатено со никаква помош. вс/фф/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Полицијата ќе ја проверува работата на „Државна лотарија“

Камбовски: Невозможно е да постојат две национални академии во една држава

СДСМ: Божиновска и Мицкоски да кажат каде се 1 милион евра?