Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

Во Велика Британија болнички сали наречени според училиштето на Хари Потер

Во Њујорк се отвора најголемата Хари Потер продавница во светотМозаик
300x250 opst2

Дорсет, 10 април 2020 (/) – Лекарите во болницата Ројал Бурнмаут во Дорсет, Англија, кои секојдневно се борат со коронавирусот, одлучија болничките одделенија и салите да ги именуваат според куќите во волшеничкиот универзитет „Хогвортс“ од популарниот серијал книги и филмови со наслов „Хари Потер” на писателката Џоан К. Роулинг.

Така, салите за состаноци ги добија имињата Грифиндор, Слитерин, Хафлпаф и Равенкло.

Од болницата соопштија дека оваа идеја им дошла одлично, како еден вид забава во времето на значајни прашања и одговори. Еден од шефовите на одделение, Алек Маслен истакна дека идејата потекнала од помладите колеги кои израснале со оваа современа британска класика.

И авторката Роулинг се огласи на Твитер, велејќи дека досега не била толку горда отколку во овој миг.  си/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Апел за помош на младиот студент по медицина Спасение Анчески од Скопје кој соочува со леукемија

Судбоносни промени денес: Дневен хороскоп (01.10.2025)

Денеска се празнува Свети Евмениј, епископ Гортински на Крит