Утрински Весник
Македонија

Kaзнени налози против тројца тетовци, не го почитувале полицискот час

Kaзнени налози против тројца тетовци, не го почитувале полицискот час

Скопје, 10 април 2020 (МИА) – Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово поднесе предлог за издавање казнен налог против три лица за сторено кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

-Тројцата обвинети на 8 април биле затекнати надвор од нивните домови за време на полицискиот час, со што не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија, соопштија од ОЈО Тетово.

Обвинителството на Основниот суд Тетово му предложи на обвинетите да им изрече парични казни во висина од по 100 дневни глоби​. оџ/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тошковски: Некој намерно отвора хајка против МВР преку случајот со „шпионажа“ од кабинетот на претседателката

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија

Давкова ќе ги додели наградите за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот „Women in Tech® Macedonia Awards”