Утрински Весник
Македонија

Заев: Во самоизолација сум во мојот дом во Струмица, немам симптоми

Заев: Кратењето на платите е непопуларна мерка, но ова е ситуација во која мора да се поставиме државнички

Скопје, 10 април 2020 (МИА) – Лидерот на СДСМ Зоран Заев преку неговиот фејсбук профил потврди дека е во самоизолација поради контакт со заболен од коронавирусот, се чувствува добро и го чека резултот од тестот кој му е направен денеска.

-Би сакал да ве информирам дека во текот на минатата недела имав ТВ интервју со новинар, за кој неодамна се утврди дека е позитивен на Ковид-19. Иако во текот на интервјуто ги преземавме сите заштитни мерки како избегнување контакт и одржување дистанца, согласно сите протоколи, од денеска сум во самоизолација во мојот дом во Струмица. Немам симптоми, денеска се тестирав за присуство на вирусот и резултатите ги очекуваме во текот на денот – по што ќе се утврдат следните чекори, напиша Заев на неговиот фб профил. вг/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Бочварски: После 4 години локална власт- ВМРО-ДПМНЕ не исполни ништо од ветеното

Бочварски: Очекуваме да се зголеми поддршката за СДСМ, на локалните избори ќе настапиме со коалициските партнери од изминатите десеттина години

НИ СЕ ВРАЌААТ ЛЕТНИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ: Пред нас многу сонце и значително потопло време!