Утрински Весник
Економија

Жито Маркети донираа 1.000.000 денари на Министерството за здравство

Жито Маркети донираа 1.000.000 денари на Министерството за здравство

Скопје, 10 април 2020 (МИА) – „Жито маркети“ како општествено одговорна компанија донираше 1.000.000 денари на Министерството за здравство.

Паричните средства, информраат од менаџментот на „Жито маркети“, се префрлени на посебната наменска сметка на Министерството за здравство, а се наменети за справување со заканата по јавното здравје произлезена од пандемијата со вирусот Ковид-19.

Од „Жито маркети“ посочуваат дека целта на оваа донација е да се помогнат здравствените работници за поефикасно и побрзо да се изборат со оваа ситуација.

Компанијата претходно изврши и предвремено плаќање на обврските кон државата за 2020 година.

„Жито маркети“ заедно со „Супер 5ка“ и „Фруит ленд“, исто така најавуваат и нова донација за Општата болница во Велес во вид на заштитна опрема и средства за медицинскиот персонал. фф/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ССКМ : Потпишувањето на договорот за соработка е порака која бизнис секторот ја препознава

ССМ: Минималните месечни трошоци во ноември 65.173 денари

МФ: Нема промени во делот на наплата на ДДВ при прием на пратки од „Тему“ со измените на Законот за ДДВ