Кичево, 10 април (МИА) – Сите маркети, аптеки и ресторани на територијата на oпштина Кичево кои се заинтересирани да ги дистрибуираат потребните артикли за итни потреби за време на полицискиот час, мора да достават барање до Координативно тело на општината.
Заинтересираните барањето може да го земат во општината или да го преземат од нејзината интернет страница од 08:00 до 14:00 часот.
Координативното тело одлучи да биде дозволено движењето за време на полицискиот час само за маркетите, аптеки и ресторани до пет вработени.
Економските субјекти ќе можат да добијат дозвола за движење во текот на полицискиот час само за одредени цели. Лицата кои ќе ги дистрибуираат производите во станбените згради на граѓаните мора да имаат заштитна опрема од коронавирусот.
Регистрирани економски оператори за испорака на храна или лекови преку пратки преку интернет или телефонски повици , непречено да ја извршуваат својата работа за време на полициското време и да го известат Кризниот штаб – Координативно тело на Општина Кичево и Одделението за внатрешни работи во Кичево.
Секое непочитување на мерките ќе биде казнето според важечките закони и уредби. рз/ир