Утрински Весник
Македонија

МЗ: Во затворот „Шутка“направени се прегледи и земени се брисеви од 30 притвореници

Инспектори на УЈП му врачиле налог за финансиска контролна на Боки 13 во затворот во Шутка

Скопје, 10 април 2020 (МИА) – По сознанието дека во Истражниот затвор во Шутка почина еден притвореник кај кого постмортем е докажано присуство на коронавирус, во текот на вчерашниот ден во истражниот затвор се направени прегледи и земени брисеви од 30 притвореници, соопшти Министерството за здравство.

-Денеска, во истражниот затвор во Шутка се испратени појачани медицински екипи на здравстениот дом кои ќе направат прегледи и ќе земат брисеви од сите кои престојувале во истото одделение со починатиот, а прегледани и тестирани на Ковид -19 ќе бидат и вработените во одделението, велат од Министерството за здравство.

За овој случај, како што се наведува во соопштението, извести вчера министерот за здравство Венко Филипче на редовна прес-конференција, по информациите од Истражниот затвор во Шутка за починат притвореник како последица на срцев удар, кој престојувал во оваа институција од 8 март, а за време на престојот немал симптоми на коронавирус. дма/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски: На листата на Владата за државен обвинител се тројца кандидати, Ленче Ристоска не е меѓу нив

Тошковски: Разбиена мрежа поврзана со транспорт на дрога

СДСМ: Доста се наслови за жолт печат, најголемиот нарко скандал од 5 тони дрога води до ВМРО-ОКГ и Мицкоски