Утрински Весник
Македонија

Вкупно 90 лица го прекршиле полицискиот час, 57 се приведени

Вкупно 90 лица го прекршиле полицискиот час, 57 се приведени
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 10 април 2020 (МИА) – Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР  забраната за движење на ниво на целата држава не ја почитувале 90 лица, при што приведени се 57, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Според статистичките податоци на 20 лица им се издадени решенија за изолација, а 241 лица потпишале изјави за самоизолација, информираат од МВР.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката. аа/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Кривична за две лица, преку лажни натпревари и фиктивни играчи ја довеле во заблуда ФФМ

Измамен 67-годишник од тетовско за сума од 3000 евра

Сиљановска – Давкова: Потребен е национален консензус и гаранции за евроинтеграциите