Утрински Весник
Македонија

Шумски пожар на непристапен терен помеѓу Блаце и Горно Блаце, на Скопска Црна Гора

Шумски пожар на непристапен терен помеѓу Блаце и Горно Блаце, на Скопска Црна Гора

Скопје, 10 април 2020 (МИА) – Се е уште е активен шумскиот пожар што вчера попладне избувна на Скопска Црна Гора, помеѓу селата Блаце и Горно Блаце, информира за МИА Владимир Симоновски, командант на скопската Противпожарна бригада.

Симоновски информира дека пожарот, во којшто е зафатена мешана шума, во моментов го гаснат 18 вработени во шумското стопанство „Караџица“.

-Пожарот е на многу непристапен терен. Ќе се следи ситуцијата. Доколку има потреба во текот на денот ќе се вклучиме и ние и евентуално хелихоптери за негово гаснење, рече Симоновски.

Во текот на вчерашниот ден екипи на Противпожарната бригада биле на терен и учествувале во гаснење на пожарот.

Засега нема информација која е причината за избувнување на пожето. Се претпоставува дека шумата ја имаат запалено дрвокрадци. ев/

МИА ФОТО: Архива

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме