Утрински Весник
Македонија

Чешка испраќа милион маски за С.Македонија

Објавен јавен повик за интервентна набавка на заштитни маски

Скопје, 10 април 2020 (МИА) – Воен авион со донација од Чешката Република денеска треба да слета на Скопскиот аеродром.

Секретаријатот за европски прашања информира дека воениот авион со помош за Северна Македонија вчера полетал од Прага, но поради технички причини не слетал во Скопје, по што повторно се вратил во Чешка.

Вицепремиерот Бујар Османи, во улога на Национален координатор на странска помош во земјава, се очекува да ја пречека донацијата – помош за справување со КОВИД – 19 од Република Чешка, што се состои од еден милион маски. дма/ев/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Шест нови случаи на западнонилска треска за еден ден, вирусот стигна и во Куманово

Ангелов: Изгаснат е пожарот кој излезе надвор од кавадаречката депонија, интезивно се работи на нејзино затрупување

Мицкоски за „Брајтбарт њуз“: Направивме многу отстапки за ЕУ, но, за жал, нè предадоа и нè излажаа