Утрински Весник
Македонија

Сончево со температура до 25 степени

Сончево со умерена облачност, попладне дожд со ретки грмежи

Скопје, 10 април 2020 (МИА) – Времето ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен северен ветер кој ќе засилува на североистокот и во долниот тек на Повардарието.

Утринската температура ќе се движи од минус два до шест степени, а дневната температура од 14 до 25 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен северен ветер

Утринската температура ќе достигне до три  степени, а дневната температура до 23 степени.

Од сабота следува период со повремено зголемена облачност. Услови за слаб дожд ќе има во недела претежно на југоистокот, а потоа и во вторник кога ќе биде посвежо.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

За пет години употребата на електронски цигари пораснала за десет проценти, потребни се промени во регулативата

Пожарникарите од Старо Нагоричане спасија куче паднато во шахта

Меѓународен ден на детето: Со мировно образование до праведно и инклузивно општество