Скопје, 9 април 2020 (МИА) – Мајката на четиримесечното бебе од Кочани кое е позитивно на коронавирусот е тестирана на 8 април и нејзиниот резултат е негативен на вирусот. Таа е е хоспитализирана заедно со своето бебе на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, соопшти вечерва Министерството за здравство.
Според информациите добиени од Институтот за јавно здравје, четиримесечното бебе од Кочани беше тестирано на КОВИД-19 на 6 април, а резулатите биле готови на 7 април.
За овој случај, министерот за здравство Венко Филипче соопшти на денешната прес-конференција на која, според податоците добиени од Инфективната клиника информираше дека бебето е во стабилна состојба, без потреба од респираторна поддршка и е под постојан педијатриски надзор.
Од Министерството за здравство велат дека се чекаат резултатите и за таткото, кој е тестиран на 8 април. дма/са/