Утрински Весник
Македонија

Вистината секогаш е најдобар метод во борбата со лажните вести, смета Манчевски

Вистината секогаш е најдобар метод во борбата со лажните вести, смета Манчевски

Скопје, 9 април 2020 (МИА) – Ширењето на вистината секогаш бил најдобар метод во борбата со лажните вести, што се генерален проблем не се само кај нас, туку насекаде во светот, вели министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.

Говорејќи за моменталната ситуација во земјава во вечерашното гостување на телевизија Телма, Манчевски посочи дека во следниот период граѓаните треба да се информираат на разни основи во однос на здравствената криза и како можат да се заштитат, а апликацијата  StopKorona! за следење на граѓаните кои имале контакт со заболено лице, е само еден дел од целата приказна.

-Битно е да ја гледаме целата приказна како да ги информираме граѓаните да не бидат предмет на лажни вести. Мислам дека кредибилитетот што го изградија пред се здравствените власти на чело со министерот Венко Филипче и довербата што ја имаат кај граѓаните отсликува на тоа дека се водиме по експертски анализи и согласно интересите на граѓаните, рече Манчевски.

Тој додаде дека во следниот период за време на верските празници  можеби ќе се оди и кон уште порестриктивни методи се со цел, како што рече, што побрзо да го ослободиме општеството и економијата.

На прашање во врска со  изјавата на поглаварот на Исламската верска заедница (ИВЗ), кој се закани дека доколку Владата не ги исполни неговите услови и барања за финансиска помош ИВЗ ќе ги повика граѓаните и верниците да се вратат во џамиите и да не се почитуваат мерките, Манчевски рече дека без разлика за која и да е верска заедница правилата се правила и врвен приоритет е здравјето на граѓаните.- Апсолутно ќе се применат сите демократски методи кои ги имаме на располагање согласно вонредната состојба, додаде Манчевски. дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме

На „Блаце“ и „Табановце“ се чека од 30 минути до 60 минути