Утрински Весник
Македонија

Општина Кисела Вода објави јавен повик за онлајн достава од економски оператори – маркети

Општина Кисела Вода објави јавен повик за онлајн достава од економски оператори – маркети

Скопје, 9 април 2020 (МИА) – Општина Кисела денеска објави јавен повик за онлајн работа за достава на неопходни прехранбени намирници од економски оператори и маркети кои работат на нејзината територија.

Како соопшти денеска општината, сите заинтересирани може да се пријавуваат на електронската адреса: contact@kiselavoda.gov.mk, додека пријавата за јавниот повик, која е потребно да се пополни и испрати најдоцна до утре, до 12:00 часот може да ја симнат на следниот линк: https://www.kiselavoda.gov.mk/index.php/naslovna/9-novosti/2671-online.

-Општина Кисела Вода продолжува да работи во насока на справување со вирусот „Ковид – 19. Во овие тешки времиња, со цел за успешно, побрзо справување со вирусот, Општина Кисела Вода замолува за почитување на мерките и препораките дадени од Владата и Министерството за здравство, се наведува во соопштението на Општина Кисела Вода.бт/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Шест нови случаи на западнонилска треска за еден ден, вирусот стигна и во Куманово

Ангелов: Изгаснат е пожарот кој излезе надвор од кавадаречката депонија, интезивно се работи на нејзино затрупување

Мицкоски за „Брајтбарт њуз“: Направивме многу отстапки за ЕУ, но, за жал, нè предадоа и нè излажаа