Утрински Весник
Македонија

ЈКП „Тетово“ со апел да се плаќаат сметките за да има плати за вработените кои работат идезинфекција на градот

ЈКП „Тетово“ со апел да се плаќаат сметките за да има плати за вработените кои работат идезинфекција на градот

Тетово, 9 април 2020 (МИА) – Од Јавното комунално претријатие (ЈКП) „Тетово“ соопштуваат дека бележат опадната наплата на сметките во период кога нивните вработени помагаат во справувањето со пандемијата со КОВИД-19, па апелираат граѓаните да ја исплаќаат оваа обврска. Потенцираат дека вработените во комунална хигиена воедно се оние кои се најзагрозени поради коронавирусот со оглед дека во три смени се на терен на отворено во текот на 24 часа.

Поради вонредната состојба создадена како резултат на пандемијата  со оглед на опасноста со која вработените во претпријатието се соочуваат секој ден, тие постојано се грижат за носење и отстранување на сметот од градот и од вашите домови, за снабдување со вода за пиење, одржување на јавна чистота, миење на улиците и дезинфекција на нашиот град со цел да се спречи ширењето на оваа пандемија. Апелираме граѓаните да ги исплатат сметките, затоа што ние како претпријатие немаме друг извор на приход да ги извршуваме овие услуги и да им дадеме плати на работниците кои се на ваша услуга за време на трите смени, се вели во апелот на ЈКП „Тетово“.

Комуналното претријатие брои 380 вработени и околу 80 лица со договор на дело. Поделени се во работните единици Водовод и канализација, Паркови и зеленило, Гробишта, Пазар, Филтер станица, Извори Шапка и администрација.ас/фф/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер

(Видео) Започнува нова епизода на подкастот Зрак со д-р Марина