Утрински Весник
Македонија

МВР: Лицата на кои им завршува државниот карантин викендов ќе може да заминат со претходна најава на лицата и возилата што ќе дојдат по нив

МВР Билтен

Скопје, 9 април 2020 (МИА) – Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека лицата кои се во државен караантин и кои за време на викендот треба да го напуштат, на полициските службеници ќе треба да им достават име и презиме на лицето кое ќе треба да ги земе, како и податоци за неговото возило.

– Лицата сместени во државен карантин, а кои треба да го напуштат државниот карантин, за време на викенд, кога е ограничено движењето, или пак се од градови каде има ограничување на движење преку целата седмица, ќе бидат прашани од страна на полициски службеник за име и презиме на лице и податоци за возило кое ќе дојде да го изврши транспортот. Полициските службеници имаат списоци на дневна основа кој граѓанин кога го напушта државниот карантин и тие ги најавуваат лицето и возилото кое ќе дојде по нив, се наведува во известувањето од МВР. ев/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

НЕДЕЛНА АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО: До четврток стабилно, суво и претежно сончево, од петок 29 Ноември, нов влажен бран во Македонија!

Почнува кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“

Студено утро со температури и до минус 11 степени