Утрински Весник
Македонија

Во Велес пронајдена мртва 79-годишна старица без траги на насилство

Општина Велес  со препораки до превозниците кои вршат јавен превоз на патници и други мерки за заштита од Ковид-19

Велес, 9 април 2020 (МИА) – Во Велес вчера претпладне било пронајдено мртво тело на 79-годишната Р. Д. во нејзиниот дом на улица „Јовче Тикваров“. Телото го нашол поштарот кој и носел социјална помош, по што пријавил во полиција. Брзата помош констатирала смрт без траги на насилство. Настанот го потврдија од СВР Велес, од каде што потенцираат дека од увидот е констатирано дека нема траги на насилство, а бил повикан и дежурен јавен обвинител од ОЈО Велес.

Д-р Страхил Тодоров портпарол на ЈЗУ Здравен дом информира дека на барање на полицијата, Брзата помош направила медицинска асистенција и констатирала смрт без траги на насилство.

Од ОЈО Велес информираат дека одлучиле да не вршат обдукција врз починатата оти на нејзиното тело нема траги на насилство.

Ова е трет случај на починат во својот дом, оваа недела. Во понеделникот во стан во Велес беа пронајдени безживотните тела на мајка и син кои живееле сами и неколку месеци не биле видени од никого.ад/ир

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ОЈО бара снимки за националистичките скандирања во Куманово

Мицкоски утре на поставување камен темелник на спортска сала во Воената академија

Нови пожари низ Македонија, гори кај Ваксинце, Богомила, Милетино и Церово