Утрински Весник
Македонија

Општина Гостивар ќе издава дозволи за работа на маркети и аптеки за овој викенд

Општина Гостивар ќе издава дозволи за работа на маркети и аптеки за овој викенд

Гостивар, 9 април 2020 (МИА) – Гостиварската локална самоуправа ќе издава дозволи за работа за да обезбеди снабдување со витални продукти. Бројката на аптеки, маркети и угостители кои вршат достава, ќе биде ограничена, ова беше кажано како заклучок по денешниот состанок на кризниот штаб за општините Гостивар, Врапчиште и Маврово-Ростуше.

– Ги повикувме сите кои имаат потреба од дозволи за движње заради работни обврски во текот на викендов да поднесат пријави во информативниот центар денес и утре. По координацијата со полицијата, утре најдоцна до 15 часот ќе биде познато кои маркети и аптеки ќе работат од петок попладне до понеделник наутро, рече Арбен Таравари градоначалник на Општина Гостивар

Според првичните насоки, овој викенд треба да работат неколку продавници за храна, аптеки и угостители објекти кои вршат испорака на храна. Бројот на вработени за тој период треба да биде исто така ограничен.

Гостиварци кои имаат потреба од дозволи за движење, барањата можат да ги поднесуваат и во канцеларијата на Миистерството за информатичко општество и администрација, кое се наоѓа во близина на Ценатрот за култура.згм/фф/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор