Утрински Весник
Спорт

Јанески и Љама се негативни на Ковид-19

Јанески и Љама се негативни на Ковид-19

Скопје, 9 април 2020 (МИА) – Македонските сениорски репрезентативци во бокс, Гоце Јанески и Јасин Љама се негативни на Ковид-19 откако денеска им беа направени тестови по речиси 14. дневниот карантин по враќањето од Лондон, соопштија од боксерската федерација на Македонија.

Љама и Јанески ќе го напуштат карантинот најдоцна во понеделник а потоа ќе одат во самоизолација во своите домови.

Јанески и Љама настапија на квалификацискиот турнир во Лондон за настап на Олимписките игри во Токио, турнирот беше откажан по само два дена, македонските репрезентативци благодарение на ангажманот на Боксерската федерација, Амбасадите на Македонија во Лондон и Софија безбедно се вратија дома и беа во карантин во Скопје.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига