Утрински Весник
Македонија

Црвен крст Велес повторно подели пакети со храна за социјално загрозени лица

Црвен крст Велес повторно подели пакети со храна за социјално загрозени лица
Dik 300x250 mk

Велес, 9 април 2020 (МИА) – Волонтери на Општинскиот Црвен крст денеска поделија уште 13 пакети со храна собрани од донации на граѓани и фирми. Со нив, вкупниот број на поделени пакети е 89 и тие се наменети за социјално загрозени лица или за лица кои останале без работа поради состојбата со корона вирусот.

Секретарот на ООЦК Велес,Орце Николов, ги потсетува граѓаните и фирмите дека може да донираат храна во собирниот пункт во Ученичкиот дом „Лазар Лазаревски“ кој функционира со Општина Велес.

-Ние секојдневно сме на терен и помагаме колку што можеме. Ги повикувам и апелирам до сите граѓани кои се во можност, како и фирмите, да донираат храна и така да ја искажат својата хуманост на дело, повика Николов.

Инаку, првите 54 пакети со храна беа доделени од градинката „Димче Мирчев“.

 

Од Општинскиот Црвен крст  Велес соопштуваат и дека покрај храна, може да се донираат и пари  наменети за социјално загрозени семејства и без приходи како последица на пандемијата. ад/хс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Охриѓанец со четирицикл излетал од патот

Малолетник од Ташмаруништа со нож прободен млад човек во Струга

ВРЕДИ: Албанците го избраа достоинството, а не навредите на Ахмети!