Утрински Весник
Спорт

Мазињо: Нејмар е единствениот кој може да го замени Меси во Барселона

Меси поставил сериозен ултиматум на Барса за враќање на Нејмар?
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Барселона, 9 април 2020 (МИА) – Поранешниот фудбалер на репрезентацијата на Бразил, и светски шампион од 1994 година Мазино, смета дека напаѓачот на ПСЖ Нејмар е единствениот фудбалер способен да го замени напаѓачот на Барселона, Лионел Меси.

– Ако Нејмар се врати во Барселона утре, ќе биде добро за Каталонците. Бразилецот е единствениот играч на светот кој може да го замени Лионел Меси, истакна Мазињо.

Нејмар премина во Пари Сен-Жермен од Барселона во 2017 година за рекордни 222 милиони евра.

По само една година мината во францускиот клуб, светските медиуми често се објавуваат гласини за можно враќање на Нејмар во Барселона. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Гвардиола: Секој што ќе се врати со вишок килограми нема да оди во Нотингем

Алвеш купува португалски третолигаш – 24info.mk

ФИФА ранг-листа: Македонската репрезентација ја заврши 2025. на 66. место