Утрински Весник
Македонија

Се бара во тек на полицискиот час да нема санкции за жени и деца, кои го напуштаат домот поради насилство

Скопјанец обвинет за малтретирање на партнерката и нејзиното дете

Скопје, 9 април 2020 (МИА) – Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство бара итно дополнување на Одлуката за забрана за движење на граѓаните во целата територија на државата, во насока на заштита на жените жртви на насилство и семејно насилство. Од мрежата сметаат дека во текот на полицискиот час треба да има исклучоци од санкции за жени жртви и нивните деца, кои го напуштаат домот поради закана и директен ризик од насилство.

-Жртвите кои се во висок ризик од насилство, да можат истото да го пријават до надлежна институција или да побараат помош во здравствена установа, како и нивните деца, постари членови на семејството кои треба да излезат со нив како би се заштитиле од насилството, а притоа прекршувањето на полицискиот час да не им биде санкционирано и доколку ги пресретне полициски службеник, тој да им ја пружи соодветната заштита и да ги упати до надлежна институција, се вели во соопштението од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство.

Оттаму бараат во текот на временското ограничување на движењето на граѓаните во случај на насилство во домот, по пријава сторителите на семејно насилство да бидат отстранети од него и да се преземат соодветни санкции против него, како приведување, покренување привремении мерки за заштита и др.,  се со цел да се заштити жртвата од идно насилство во својот дом.

-Во однос на оправданоста на ова наше барање би навеле дека ризиците за зголемување на насилството во овие вонредни околности се бројни. Имено, со мерките и ограничувањата што се на сила, децата се дома цел ден, затворени се сите кафулиња, ресторани, кафеани, затворени се и спортските обложувалници, како и сите останати можности за социјални активности (кино, театар, спорт), пријателите се дома со своите семејства, затворени се сите места каде може да се канализира агресијата и единствено што останува достапно е семејството, сопругата/партнерката, децата, родителите. Голем број граѓани се под притисок дека ќе го загубат работното место по завршување на вонредната состојба и прекинување на важењето на владините мерки и потенцијалниот ризик од зголемување на сиромаштијата. Сите овие фактори влијаат на интензивно зголемување на стресот кај граѓаните, фрустрации, страв и силна загриженост за иднината, кои се тригери за агресивно однесување, изливи на нервоза, зголемена потреба за контрола и изразување моќ, насилно решавање на конфликтите и зголемена примена на насилство, појаснуваат од оваа граѓанска организација.
Тие бараат Владата во најкус можен рок со оглед на итноста на ситуацијата да го усвои ова барање и да донесе дополнување на Одлуката во насока на заштита на жртвите на семејно насилство и нивните деца, а во врска со социјалниот концепт на државата и грижата за семејството. сст/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петрушевски: Поднесените амандмани се популистички

Општина Струмица ѝ предаде објект на Фондацијата „Елеуса“

Никој не го отворил прашањето дека може без Албанците, вели Меџити за изјавата на Ахмети од Швајцарија