Утрински Весник
Економија

„АТС Гроуп“ донира 500.000 заштитни маски и 20.000 тестови за Ковид 19

„АТС Гроуп“ донира 500.000 заштитни маски и 20.000 тестови за Ковид 19

Скопје, 9 април 2020 (МИА) – Компанијата „АТС Грoуп“ донира 500.000 заштитни маски и 20.000 тестови за Ковид-19 на Министерството за здравство, за потребите на јавниот здравствен систем во напорите за справување со корона вирусот. Тестовите за Ковид-19 ќе бидат распределени во Институтот за јавно здравје на територија на целата држава, со што ќе се овозможи тестирање на поголем дел од населението. Заштитните маски, информира денеска компанијата, се транспортираат од Народна Република Кина и наскоро ќе пристигнат во земјава.

– Борбата против ширењето на  Ковид-19 може да ја добиеме само ако делуваме обединето. Ситуацијата е деликатна за сите нас, но искрено сметам дека секој може да помогне на некаков начин. Ние во „АТС Гроуп“ одлучивме во рамките на можностите да и помогнеме на нашата држава. Ќе продолжиме и понатаму да се трудиме да бидеме вистински партнер, вели Шефшет Демировски, сопственик на „АТС Грoуп“.

Како што истанува Демировски, и во време на глобална криза предизвикана од Ковид-19, компанијата работи со полн капацитет. Во компанијата работат 100 лица, а во тек е и конкурс за вработување на уште 50 ново вработени кои ќе бидат ангажирани  наскоро.см/лв/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски: Со Обединетото Кралство обезбедивме стратешки инвестиции за градба на брза железница, болници, но и разговараме за Чебрен и Галиште

Првите четири банки од земјава впишани во регистарот на Европскиот совет за плаќања – започнува членувањето во СЕПА

Влада: Исплатени субвенции на над 70.000 земјоделци во вредност од над 9 милијарди денари