Утрински Весник
Македонија

Димитров со колегите од Западен Балкан бараат од ЕУ изземање од извозните рестрикции за одредени медицински производи

Димитров со колегите од Западен Балкан бараат од ЕУ изземање од извозните рестрикции за одредени медицински производи

Скопје, 9 април 2020 (МИА) – На иницијатива на шефот на дипломатијата Никола Димитров, министрите за надворешни работи на земјите од Западниот Балкан денеска испратија писмо до Европската комисија, со барање за изземање на земјите од Западен Балкан од Регулативата на ЕУ со која одредени медицински продукти за лична заштита беа ставени под режим на извозни рестрикции односно специјални извозни дозволи.

Како што соопшти МНР, писмото е испратено до еврокомесарот за трговија Фил Хоган, комесарот за соседство и проширување Оливер Вархеји и до Високиот претставник на ЕУ и потпретседател на ЕК Жозеп Борел.

– Корона вирусот се прошири во сите делови на европскот континент и за да се победи оваа заедничка закана потребна е солидарност и заемна соработка. Со оглед дека секаде први на фронтот со коронавирусот се здравствените работници сите заедно мораме да осигураме дека тие ќе ја имаат во секое време и во доволни количини медицинската опрема за лична заштита. Затоа Ние, партнерите од регионот се обединивме и итно и предлагаме на Европската комисија во предлогот за ревизија на регулативата која е во тек да предвиди изземање од потребата за специјални извозни дозволи за нашиот регион, се наведува во писмото.

Натаму во писмото се додава дека регионот на Западен Балкан е дел од Европа, опкружен со земји членки на ЕУ.

– Изземањето ќе испрати силен сигнал дека сите ние како Европејци работиме заедно за да успешно се соочиме и да го надминеме овој огромен предизвик, стои во писмото на шефовите на дипломатиите од Западен Балкан испратено до Еврокомисијата. нд/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Седумнаесетта „Недела на јапонски филм“ во Скопје и Битола

НЕДЕЛНА АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО: До четврток стабилно, суво и претежно сончево, од петок 29 Ноември, нов влажен бран во Македонија!

Почнува кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“