Утрински Весник
Македонија

Изработен прирачник за заштита на градежните работници од Ковид-19

Поголема градежна активност на патиштата, намалена изградбата на станови

Скопје, 9 април 2020 (МИА) – Синдикатот на работниците од градежништвото, индустријата и проектитањето заедно со Македонското здружение за заштита при работа изработи „Водилка за безбедност и здравје при работа во градежништвото за превенција од коронавирусот“.

Во прирачникот се содржани основните препораки и мерки за заштита од коронавирусот кои треба да ги почитуваат работодавачите и работниците во градежништвото. Меѓу другото се препорачува редовно одржување на личната хигиена, носење на заштитна опрема, држење на социјална дистанца, редовна дезинфекција на облеката, алатот и работниот простор, ограничување на непотребното движење меѓу локациите, контејнерите и канцелариите, како и обезбедување на посебен буџет во компанијата кој ќе биде наменски користен за справување со пандемијата.

Како и во сите останати сектори, така и во градежништвото се очекуваат загуби заради ограничувањата на работната сила, затварање на градилиштата и можните болни работници.

– Проблемот е навистина голем и трпи последици по економијата и работниците. Мораме да се бориме заеднички, бидејќи токму секторот градежништво е еден носечки столб во економијата и главен двигател на бруто домашниот производ. Статистиката вели дека опфаќаме број од над 50 илјади вработени во секторот и затоа мора да внимаваме да не дојде до колапс, велат од Синдикатот.

Прирачникот ќе биде достапен на веб страниците на Сојузот на синдикати на Македонија и на Македонското здружение за заштита при работа, како и на Фејсбук и Јутјуб каналите. бак/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер