Утрински Весник
Македонија

Зголемен водостојот на Вардар кај Велес и Демир Капија

Нивото на Вардар во велешкиот градски парк речиси двојно зголемено
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 9 април 2020 (МИА) – Водостојот на Вардар кај Јегуновце е намален во однос на просекот за април, кај Железничкиот мост во Скопје е во рамките на просекот, а кај Велес и Демир Капија зголемен, покажува дневната хидролошка информација на Управата за хидрометеоролошки работи.

На останатите реки каде што се врши мерење, позначително намалување на водостојот има на Крива Река кај Крива Паланка, Лепенец кај Скопје, а зголемување има на Црна Река кај Р.Б. Мост и на Струмица кај Ново Село. На Црн Дрим кај Ложани завчера имало видно намалување, а вчера зголемување, но се уште под просекот. Реките Треска и Пчиња се во рамките на просекот.

Водостојот на Охридското Езеро е во рамки на просекот, додека кај Дојранското има минимално зголемување, а Преспанското мало намалување. ир/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Поради недостиг на мазут, ЕСМ бара прогласување кризна состојба со струјата

Стојаноски: Измените на Кривичниот законик се преодно решение за да се спречи амнестија на криминал во над 200 предмети

Претседателот на Собранието Гаши прими делегација предводена од претседателот на ТИКА Ерен