Утрински Весник
Магазин

Словенечки лингвисти работат на „корона-речник”

Словенечки лингвисти работат на „корона-речник”
Dik 300x250 mk

Љубљана, 9 април 2020 (/) – Словенечки лингвисти веќе работат на мал „корона-речник”, за да „се поправат“ англизмите и другите туѓи зборови кои се вметнуваат во јазикот за време на пандемијата на Ковид-19, социјалната оддалеченост, физичкото растојание и самоизолацијата.

– Не седиме со скрстени раце деновиве, и имаме многу работа со новите зборови што продираат во словенечкиот јазик заедно со смртоносниот вирус, вели д-р Козма Ахачич – директор на Институтот за словенечки јазик за весникот „Словенске новице”.

Притоа, јазичарите бараат и помош од граѓаните, кои можат да им испраќаат свои предлози преку академската платформа „Фран“.

Така, од позанимливите предлози, стручњаците ги издвојуваат „коронски вирус“ како алтернативен поим за коронавирусот и „коронавреме” како замена за „корона-епидемија“. Натаму – англискиот сленг „коронаидиот“ би се превел како „коронабедак” (што на македонски би се превело како „корона-глупак“), а оние коишто, напротив, ги почитуваат прописите за физичко растојание, би се нарекле „коронајунаци”.

– Други предложени сложенки со зборот „корона“, се: короназакон, коронапаника, коронапакет, противкоронски мерки и слични изрази, вели д-р Ахачич.

На интернет-страницата на Институтот веќе се објавени неколку статии и научни трудови на оваа тема.  си/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ова се четирите најверни хороскопски знаци

Фестивалот „Хаус оф Три” го враќа шармот на скопје на три градски локации

Тихиот Океан рекордно топол, мистериозен топол бран ги збунува климатолозите