Утрински Весник
Македонија

Гостиварскиот центар за јавно здравје повторно работи

Гостиварскиот центар за јавно здравје повторно ќе работи, тестовите на вработените негативни
Dik 300x250 mk

Гостивар, 9 април 2020 (МИА) – Подрачната единица на Центарот за јавно здравје Гостивар од денеска повторно е отворена. Минатиот петок, здравствените власти привремено ја затворија, откако на тестирање еден вработен бил позитивен на Ковид19. Дваесетината вработени беа подложени на повторните тестирања кои се покажале како негативни.

Од гостиварскиот центар за јавно здравје за МИА потврдија дека од утрово тие се на работа и ги извршуваат работните обврски. До отварањето, обврските на епидемиолошката служба и микриобиологија на подрачната единица на Центарот за јавно здравје во Гостивар беа покриено со соодветен кадар, додека вработените беа во изолација.

Епидемиолозите во Гостивар изминативе денови извршија над 120 тестирања и спроведуваа епидемиолошки анкети. Деновиве во функција беше ставен и пункт за земање брисови во некогашниот центар за хемодијализа. згм/аа/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Продолжен притворот на поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев за нови 30 дена, неговата одбрана најави жалба на Апелација

Полициски службеници спасија лице во Куманово при обид за самоубиство

Загина 69-годишен маж, со возилото излетал од патот во Гостиварско