Утрински Весник
Македонија

Во Кичево продолжува интензивното дезинфицирање на улиците

Во Кичево продолжува интензивното дезинфицирање на улиците

Кичево, 9 април 2020 (МИА) – Комуналното претпријатие од Кичево во соработка со Општината, продолжува со сеопфатна акција за темелно дезинфицирање на улиците, два пати во текот на денот, наутро и навачер, со цел превенција од ширење на коронавирусот.

-Двапати дневно спроведуваме акција, наутро и навечер, да ги дезинфицираме улиците во сите делови од градот. Дезинфекцијата со вода и препарати секако ќе помогне во борба против коронавирусот и неговото ширење. Акцијата ќе се одвива се додека состојбите не се стабилизираат, а коронавирусот и неговата експанзија не бидат намалени, вели директорот на ЈКП „Комуналец” од Кичево, Зенел Јонузи. рз/мч/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

10 милиони евра за реконструкција, а вода тече во собите – студентите реагираат за „Стив Наумов“

Арсенал оружје пронајден во дом на скопјанец

Повредено лице чекало помош, но Итната помош не испратила екипа – кривични пријави за двајца вработени во Тетово