Утрински Весник
Спорт

Клоп призна дека не му се допаднал Мане на нивната прва средба

Бундеслигата ги избра Клоп и Меси за број 1
Dik 300x250 mk

Ливерпул, 8 април 2020 (МИА) – Менаџерот на европскиот и светски клупски шампион Ливерпул – Јирген Клоп, призна за британски „Дејли мејл“ дека не му се допаднал напаѓачот Садио Мане на нивната прва средба пред многу години, кога Сенегалецот беше во Салцбург и Клоп – во Борусија Дортмунд.

– Се сетив на нашата прва средба со Садио.Тој беше во Дортмунд.Тој беше навистина младо момче што стоеше таму. Неговата бејзбол капа беше намерно ставена на криво и ја имаше таа руса црта на косата, што ја има сега. Тоа беше како рапер,кој само што започнуваше, вели Клоп.

Тој вели дека не сакал даго земе во својот состав во тој период.

– Нашиот тим не беше лош тогаш. Ми требаше некој што може да издржи да не биде стартер уште од почеток, некој што би можел да го развивам. Јас би рекол дека имам многу добар прв впечаток за луѓето, но тогаш згрешив. Ја следев неговата кариера после тоа и тој продолжи со успеси во Салцбург. Во Саутемптон тој едноставно доминираше, рече менторот.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Јамал, Дембеле и Салах номинирани за наградата „Најдобар“ на ФИФА

Ѓоковиќ го победи Борхес и се пласираше во полуфиналето на турнирот во Атина

Милевски повика 28 фудбалери за средбите со Летонија и со Велс