Утрински Весник
Македонија

Изгаснат пожарот во станот на бул. „Трета МУБ“ во Куманово

Изгаснат пожарот во станот на бул. „Трета МУБ“ во Куманово

Куманово, 8 април 2020 (МИА) – Кумановските пожарникари го изгасија пожарот во станот во зграда на булеварот „Трета МУБ“ во Куманово кој избувна попладнево пред 16 часот.
Командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски, информираше дека во пожарот е причинета материјална штета. Материјална штета имало и во соседен стан.
Во пожарот со лесни телесни повреди се здобило едно лице, информираат од Итна помош. Пожарот го гасеа 12 пожарникари. ам/хс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Николоски: Имаме рекордна реализација на капитални инвестиции

МЕТЕОАЛАРМ НАЈАВА: Од понеделник 6 април ни доаѓа вистинска пролет

„Ѝ реков не се секирај, тука сме сите, има институции“ – потресно сведочење на Мартин Саздов за трагедијата на Ивана и Катја