Утрински Весник
Македонија

Во Дебар втора дезинфекција на јавни површини и објекти

Во Дебар дезинфекција на јавни површини, канти за отпад и спортски терени

Дебар, 8 април 2020 (МИА) – Врз основа на договрените мерки на Општинскиот Оперативен штаб, денеска попладне во Дебар почна да се спроведува втора дезинфекција на јавните и прометни површини,
колективни станбени згради и објекти на институции.

Како и претходниот пат, ќе се врши дезинфекција на сите јавни и прометни површини, контејнери, канти и корпи за отпад низ градот и населените места.

– Повторно ќе ги дезинфицираме и  спортските игралишта и терени, како и паркот во населбата Венец каде има детски реквизити. Оваа активност ќе ја вршат нашите вработени, додека дезинфекцијата во скалилата на
колективните стамбени згради и влезовите вработените од Територијатална противпожарна единица, изјави Омер Цами, раководител на раководител на секторот за комунална хигиена при Јавното комунално претприијатие „Стандард“.

Цами кој е дел од Оператвнот штаб,  вели дека дебарските комуналци редовно го подигаат и отпадот и апелира до граѓаните да бидат посовесни и отпадот да го фрлаат во определените места за тоа.

Додава дека поради дождот а потоа и снегот, кој беше присутен во градот, од синоќа, со чиста вода и соодветно средство, се мијат  главната и пофрекфентните улици во градот.

По завршување на дезинфекцијата на градот, ќе се продолжи со дезинфекција на селските населени места.

Со подобрување на временските услови, дезинфекција на јавни површини, спортски терени и објкети е во тек и во подрачјето на Маврово. Како што велат од Кризниот штаб на општина Маврово и Ростуше, преходно ваква активнст е реализирана во сите населени места во подрачјето на Река.вт/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(Фото) Целиот состав на новиот Централен одбор на СДСМ

Трпезата за Нова година ќе биде поевтина? Се подготвува празнична потрошувачка со над 500 производи

КАКО ДА СМЕ ЈАНУАРИ, А НЕ НОЕМВРИ: Рано утринава во Македонија измерени дури -12 степени!