Утрински Весник
Македонија

Организиран превоз за здравствените работници во полициски час

Две катни гаражи ќе се градат во Клиничкиот центар во Скопје

Скопје, 8 април 2020 (МИА) – Во соработка со Град Скопје ќе се организира превоз со возила на ЈСП и со други возила за лицата што имаат дозволи  и одат на работа во време на забрана за движење, пред сè, за вработените во здравствени установи и Клиничкиот центар, кои не можат сами  да се организираат додека трае полицискиот час, соопшти министерот Дамјан Манчевски.

Во сесијата прашања и одговори на тема „Ограничено движење“, министерот вечерва рече дека ќе биде објавена точна маршрута по која ќе се движат возилата што ќе ги користат вработените со дозволи за движење, а турите ќе завршуваат пред здравствените установи. Ќе бидат организирани и во други градови и притоа ќе покриваат што поголема територија.

Во однос на такси-превозот, Манчевски рече дека во Скопје се организирани дежурни такси-возила кои може да  превезуваат граѓани од нивниот дом до некоја здравствена установа во време на полициски час ако имаат потреба, и оние граѓани кои имаат дозвола за движење.

-Огранизиран е одреден број такси-возила за кои секојдневно Град Скопе ги доставува информациите до Министерството за внатрешни работи, така што знаеме кои возила се на терен и возат. Граѓаните може да се јават на редовните броеви за такси, тоа сè уште функционира, додаде Манчевски. хс/лв/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Арсовска: Секој ден се фаќаат по 30 диви приклучоци на вода, МВР мора да постапува!

Хеликоптерот на МВР исфрли повеќе од 30 тони вода во реонот на Дојран

Давкова се обрати на годишниот настан на КСЗД „Разговори за еднаквост” на тема „Право на домување на Ромите”