Утрински Весник
Македонија

ЈСП го пролагоди возниот ред според продолжениот полициски час

Времен режим на сообраќање на автобусите од јавниот превоз во Карпош 3 и 4

Скопје, 8 април 2020  (МИА) – Јавното сообраќајно претпрјатие (ЈСП) Скопје информира дека од утре, четврток (9.04.2020 год), па секој работен ден, јавниот превоз ќе функционира од 5 до 9 часот, па од 13 до 16 часот, односно од 9 до 13 часот автобуси нема да сообраќаат.

Од ЈСП истакнуваат дека новиот режим на функционирање на јавниот превоз е согласно мерките и насоките од надлежните институции за справување со појавата и ширењето на коронавирусот.

Автобусите ќе возат по саботен возен ред, со исклучок на линиите 9, 19, 20 и 23 часот кои ќе сообраќаат по редуциран делничен возен ред.

Согласно одлуката на Влада на РСМ за забрана за движење oд петок од 16 часот до 5 часот во понеделник, јавниот превоз во посочениот период нема да функционира. Во истиот период нема да работат билетарниците и центрите за персонализација.

Од понеделник до петок, дел од билетарниците и центрите за персонализација ќе имаат скратено работно време, а дел ќе бидат затворени. Од 7.30 до 14 часот ќе работат билетарниците во Аеродром, Ѓорче Петров, Драчево, Маџари, Бутел, билетарницата на Зелен пазар и таа во Автокоманда, кај Дирекцијата на ЈСП Скопје.

Отворени од 7.30 до 14 часот ќе бидат центрите за персонализација во Карпош 2, на Бит пазар и центарот на Транспортен центар.

Од ЈСП Скопје потсетуваат дека нивните услуги можат да се купат и во над сто маркети и трафики дел од секундарната продажна мрежа, а чие работно време зависи од одлуката на сопствениците на субјектите.

-Новиот, изменет режим на функционирање на јавниот превоз и работното време на билетарниците и центрите за персонализација, ќе важи во наредниот период, сѐ до новите препораки на надлежните институции.Во случајов, ЈСП Скопје не одлучува самостојно за режимот на јавниот превоз, туку, тој е согласно мерките, препораките и насоките на сите надлежни институции задолжени за справување и превенција од ширење на коронавирусот, информираат од ЈСП Скопје.лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Почнува кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“

Студено утро со температури и до минус 11 степени

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!