Утрински Весник
Македонија

Уште две лица од Штип оздравени од Ковид -19

Колку е опасен Ковид-19?

Скопје, 8 април 2020 (МИА) – Министерството за здравство информира дека денеска попладне се регистрирани уште две лица од Штип оздравени од Ковид-19, кои со лесна слика на болеста беа на домашно лекување, а под постојан надзор на лекарскиот тим од болницата во Штип.

Кај овие лица, согласно протоколот, беа направени два контролни теста и тие покажаа негативен резулат на коронавирусот, соопшти Министерството за здравство пренесувајќи информации од Институтот за јавно здравје.

Како што информираат, во моментов во болницата во Штип од ковид-19 се лекуваат четири пациенти, а Штипската болница следи уште 14 пациенти со лесна форма на болеста кои се на домашно лекување.лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило, деветмина возеле без возачка дозвола

Жена настрадала по експлозија на бојлер во викендичка

Автомобил удрил во електричен тротинет, повредени 15 годишно момче