Утрински Весник
Македонија

Протокол за влез на амбасадорите во државава

Од 37 седница на Влада: Донација на медицинска опрема од Турција, уредба за ограничувањето на исплатата на додатоци и надоместоци на плата во јавниот сектор, усвоена информација за апликацијата „StopKorona!“

Скопје, 8 април 2020 (МИА) – Владата на денешната седница го прифати  Протоколот за влез на странски дипломати акредитирани во земјава и членови на нивните семејства.  Според препораките од Главниот координтивен штаб, амбасадорите при влез во држвава  треба да бидат спроведени во задолжителна контролирана самоизолација.

Воедно од Одлуката за утврдување распоред на работното време во Владата, министерства и другите органи на државната управа, се изземени вработените во Министерството за внатрешни работи и Царинската управа, со цел работното време за вработените лица во овие институции да биде осум часа, а надоместот за извршена прекувремена работа да биде исплатен по изминати осум часа работа.

На последната седница на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација на активностите за спречување на внесување и ширење е донесен и заклучок надлежните институции да ја разгледаат можноста за лицата кои треба да бидат вратени од Република Италија преку хуманитарен лет, да се продолжи рокот од 14 дена  за задолжително спроведување во државен карантин и да биде намалку 21 дена. Лицата треба да бидат сместени во еден објект кој ќе биде под постојан медицински и безбедносен надзор.

Според препораките, Министерството за здравство, во соработка со Град Скопје, треба да утврдат список и број на здравствени работници кои треба да користат превоз за работа во трета и четврта смена, со цел да се воспостави организиран превоз на одредени пунктови од страна на ЈСП.лв/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петрушевски: Поднесените амандмани се популистички

Општина Струмица ѝ предаде објект на Фондацијата „Елеуса“

Никој не го отворил прашањето дека може без Албанците, вели Меџити за изјавата на Ахмети од Швајцарија