Утрински Весник
Македонија

Фирмите да поднесат барања до Општина Тетово за да може да работат викендов за време на полицискиот час

Фирмите да поднесат барања до Општина Тетово за да може да работат викендов за време на полицискиот час

Тетово, 8 април 2020 (МИА) – Фирмите и маркетите ќе можат да носат намирници за време на полицискиот час викендов, но потребно е да се пријават во Општина Тетово. Пријавите треба да се достават на електронската адреса info@tetova.gov.mk или да достават барање до архивата на Општина Тетово – утре (четврток ) од 8:00 до 14:00 часот. Барањата се истакнати на интернет страницата на општина Тетово www. tetova.gov.mk

-Ќе биде дозволено движење на максимум 10 вработени лица пријавени, вклучувајќи ги и доставувачитe  кои треба да имаат соодветна заштитна опрема. Исто така, сите аптеки на територијата на општината кои ќе работат за време на полицискиот час за време на викендот, задолжително да ги испратат потребните податоци на истата електронска адреса до четврток до 14 часот. Ова е потребно за навремена координација со мобилните тимови на Општина Тетово и тетовскиот Црвен крст и СВР Тетово, соопшти Општина Тетово.

Да се пријават во Општина Тетово треба и економските оператори кои се регистрирани да вршат достава на храна преку онлајн порачки на и-мејлот info@tetova.gov.mk

Со одлука на Кризниот штаб и утре четврток нема да работат зелените пазари во насока на превенција од ширење на коронавирусот. ас/вј/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

МЗ за починатото тригодишно дете: Комисијата констатирала дека сите постапки биле навремено и уредно извршени во болницата во Кавадарци

Левица: Кафич во сопственост на заменик-министерка од Вреди добил 9.000 евра од Општина Чаир – од компромитираната ДКСК само молк

Владата го одобри Бесник Ферати за заменик-директор на АНБ