Утрински Весник
Спорт

Јунајтед започна разговори за Милинковиќ-Савиќ

Нема понуди за Милинковиќ-Савиќ

Манчестер, 8 април 2020 (МИА) – Манчестер Јунајтед влезе во разговори со Лацио за трансфер на играчот од средниот ред Сергеј Милинковиќ-Савиќ, јавуваат англиските медиуми.

Потенцијалниот купувач на 25-годишниот Србин ќе мора да плати 120 милиони евра бидејќи Римјаните не планираат да ја намалат цената.
„Црвените ѓаволи“ бараат замена на Пол Погба, кој скоро сигурно ќе го напушти „Олд Трафорд“ по крајот на сезоната.

Оваа сезона Милинковиќ-Савиќ запиша 31 натпревар за „орлите“, во кои постигна пет гола и направи седум асистенции.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

МИ2026: Рустемовски со нокаут избори полуфинале

Две сребра и една бронза за македонските борачи на Медитеранските игри

Ѓорческа против Јапонката Хонтама на стартот од квалификациите на УС Oпен