Утрински Весник
Македонија

Турската амбасада информира дека организирала турски државјани од земјава да заминат во Турција по копнен пат

Турската амбасада информира дека организирала турски државјани од земјава да заминат во Турција по копнен пат

Скопје, 8 април 2020 (МИА) –  Турската амбасада во земјава информира дека денеска два автобуса со турски државјани кои поради актуелната состојба со коронавирусот се пријавиле и сакале да заминат се упатиле кон Турција, како и дека претходно на 1-ви и на 3-ти април, исто така, два автобуса со турски државјани влегле во Турција преку граничниот премин Капикуле.

-Откако епидемијата од коронавирус го покажа своето дејство и во Северна Македонија, еден дел од турските државјани кои се наоѓаат во оваа земја аплицираа до нашата Амбасада со барање за враќање во Турција. Имајќи ги во предвид тековните услови и можности, од страна на Амбасадата се пружа помош до нашите државјани со цел да им се овозможи трансферот со автобус преку Бугарија кон Турција. На 1 и 3 април 2020 година нашите државјани со два автобуса остварија влез во Турција преку граничниот премин Капикуле. Додека пак на 8 април 2020 година два автобуса се упатени кон Турција, информираат од Турската амбасада во Скопје.

Од Амбасадата им заблагодаруваат на надлежните органи на Северна Македонија и Бугарија кои ја дале потребната поддршка во реализацијата на патувањето на турските државјани во Турција по копнен пат. сст/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор