Утрински Весник
Спорт

Паоло Малдини веќе е излекуван од коронавирусот

Малдини: Модриќ не е тема на нашите разговори

Милано, 8 април 2020 (МИА) – Легендата на Милан и актуелен директор во клубот, Паоло Малдини веќе е целосно опоравен од коронавирусот, јавуваат италијанските медиуми.

Така, поранешниот дефанзивец може да се врати на раководната функција кај „росонерите“.

Пред неколку дена неговиот син Даниел Малдини, играч на тимот, потврди исто дека е и здрав, откако бил заразен заедно со неговиот татко.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Азија ја поддржи кандидатурата на Инфантино

Серген Јалчин е нов селектор на Турција – потпиша договор на четири години

Дисциплински постапки против Шкендија Арачиново и Камјани од страна на ФФМ