Утрински Весник
Македонија

Почина родилката позитивна на Ковид-19, новороденчето кое е негативно на коронавирусот е во добра состојба

МЗ: Нацрт текстот на Законот за лекарска дејност отворен за предлози од стручната фела, невладиниот сектор и граѓаните
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 8 април 2020 (МИА) – Министерството за здравство попладнево соопшти дека почина родилката позитивна на Ковид-19 од Куманово, која на 30 март на Клиниката на гинекологија и акушерство роди недоносено машко бебенце. Бебето е во добра состоја, но е се уште на интензивна нега на Клиниката за гинекологија.

-Министерството за здравство со големо жалење ја информира јавноста дека предмалку почина родилката позитивна на Ковид-19 од Куманово на 27 години. Таа на 30 март на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје роди недоносено машко новорoденче, негативно на вирусот. Родилката беше префрлена на Инфективната клиника на 31 март поради влошена клиничката слика и отежнато дишење. И покрај напорите на лекарите, брзиот и агресивен развој на болеста беше фатален, се наведува во соопштението од  Министерството за здравство.

Клиниката за гинeкологија и акушерство информира дека, како што се посочува, бебето е во добра состојба, се уште е на интензивна нега и под постојан надзор на тимот од клиниката. ев/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Измамен 67-годишник од тетовско за сума од 3000 евра

Сиљановска – Давкова: Потребен е национален консензус и гаранции за евроинтеграциите

(Видео) Украдена голема количина тутун во Крушево, сопственикот моли за помош