Утрински Весник
Магазин

Мечка со две мали мечиња се прошета крај езерото во грчкиот град Костур

Мечка со две мали мечиња се прошета крај езерото во грчкиот град Костур

Атина, 8 април 2020 (/) – Забраната за движење на граѓани и полицискиот час од 20 до 8 часот што се во сила во грчкиот град Костур, се чини, дека беа добра можност мечка заедно со нејзините две мали мечиња, доцна синоќа да се прошетаат во делот крај езерото, јави дописничката на / од Атина.

Според локалните медиуми, конкретниот дел од езерото во Костур, во нормални услови е шеталиште и е полно со граѓани.

Мечките биле забележани од жителите на градот кои веднаш ја известите групата за интервенции, а одговорниот на тимот, Никос Панајотопулос за грчката агенција АНА-МПА, објаснува дека карантинот во комбинација со недостигот на храна создале услови мечката заедно со малите мечиња да дојдат во градот. ср/сд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Крцкаво пилешко мевце, се приготвува многу лесно, а тајната е во една состојка

Новинарката од “Здраво Македонијо” се онесвести во познат скопски локал – Ги бара докторките кои несебично и притрчале на помош

Три хороскопски знаци кои ги обвинуваат другите за сè лошо што им се случува